Збогум од Брена за Бандиќ: „Поминаа само неколку часа од нашата последна средба“

од Vladimir Zorba
456 прегледи

Веста за ненадејната и прерана смрт на градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, ја потресе и регионалната пејачка ѕвезда Лепа Брена, која со трогателна објава на Инстаграм се прости од првиот човек на Загреб.

– Драг Милане,

Ми беше огромна чест и задоволство да те познавам и да се дружам со тебе. Секогаш беше единствен и ја поседуваше таа величина што правеше секогаш учиме од тебе.

За жал, поминаа само неколку часа од последното дружење и твоот говор што засекогаш ќе го паметиме за пријателството, љубовта, почитта и семејството.

Почивај во мир, нека ти е вечна слава – напиша пејачката на социјалната мрежа во свое име и во името на нејзиниот сопруг Слободан Бобо Живојиновиќ.

Таа објави и заедничка фотографија со починатиот градоначалник на Загреб.

Слични содржини