Шекеринска: Дел ме од светскиот проблем со сериозен недостиг на вакцини

од Берта Китинска
147 прегледи

Се соочуваме со сериозен недостиг на вакцини, со исклучок на САД и Обединетото Кралство. Дел  сме од светскиот проблем, особено тешко е за помалите држави, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на промопредавање на американска донација за Армијата.

–Целта ни е што поскоро да обезбедиме функционална вакцина и ќе ги преземеме сите чекори.  Барем здравстевените работници успеаја да обезбедат дополнителна заштита. Армијата е во втората фаза за имунизација заедно  со полицијата, истакна Шекеринска.

Министерката денеска прими 1.269 автоматски пушки М-4 како донација од САД, а американската амбасадорка  Кејт Мари Брнз рече дека истите вредат 1,2 милиони долари.

– Целта на оваа донација е интероперабилноста. Двете армии да можат полесно меѓусебно да се помогнат, што е обврска кога се оди на заеднички вежби и операции, рече Шекеринска.