Се тестирал и избегал: Заразено лице со бразилскиот сој дал лажни контакти!

од Берта Китинска
264 прегледи

Веќе две недели Велика Британија трага по маж на кој му беше дијагностициран бразилски вид на коронавирус и кој остави неточни информации за контакт.

Велика Британија денес го повика непознато лице заразено со бразилскиот сој, повеќе од две недели откако беше позитивно тестирано, но не даде точни детали за контакт.

Британија соопшти дека биле откриени шест случаи на варијанта П.1 идентификувани во Бразил во  градот Манаус, против кој се чини дека вакцините се помалку ефикасни. Откриени се два случаи во Англија и три во Шкотска.

Сепак, шестата личност во Англија, една од над еден милион која се тестираше на12-13. Февруари допрва треба да се идентификува бидејќи не го пополнил правилно прашалникот.

– Ако сте биле тестирани на 12 или 13 февруари (и) не сте ги добиле резултатите, јавете ни се – изјави за радио „Тајмс“ министерот за вакцинација Надим Захави и додаде дека работат со поштенскиот систем за да се обидат да го лоцираат тоа лице.

Варијантата П.1 вклучува мутации слични на оние пронајдени во варијантата Б.1.351, која за прв пат е откриена во Јужна Африка, што предизвика загриженост.

До недела, повеќе од 20 милиони луѓе во Велика Британија ја примија првата доза на вакцината „ковид-19“ – нешто повеќе од 30 проценти од населението, додека околу 800 000 ја примија втората доза. Производителите работат на прилагодување на вакцините кон мутациите на вирусот.