Преминот Евзони нема да биде отворен навечер, дневно ќе можат да поминат најмногу 400 лица

од Nikola Popovski
323 прегледи

Од денес Грција воведе нови мерки за заштита од коронавирусот, при што на граничниот премин Евзони на камионџиите ќе им се прават брзи Ковид-тестови. Новите, построги мерки се однесуваа на граничните премини Евзони со Северна Македонија и Какавиа со Албанија, кои ќе работат од 7 до 19 часот(6 до 18 часот по македонско време), наместо до 23 часот, а дневно ќе биде дозволено да поминат најмногу 400 лица, додека пак задолжителен ќе биде домашен карантин од 14 дена, наместо седум како што беше досега.

На Богородица денес околу пладне поминале едвај десетина камиони и цистерни кон Грција. Немало задржувања. Тие реагираат дека со воведувањето на новата мерка се губи време, а со затворањето на Евзони за влез во ноќните часови трпи економијата.

За патниците, останува обврската за потврда за негативен ПЦР тест, но и задолжителен домашен карантин од 14, наместо седум дена како што беше досега.

Слични содржини