311
Сардинија ќе стане првиот италијански регион класифициран како безбедна анти-ковид бела зона, што значи дека ќе бидат укинати повеќето рестриктивни мерки кои беа воведени во целата земја.
Гувернерот на Сардинија, Кристијан Солинас, денес потпиша одлука со која се дозволува кафулињата да работат до 21 часот, рестораните ќе можат да продаваат храна и пијалоци до 23 часот, кога започнува полицискиот час.
Во некои региони, сепак, мерките се зајакнуваат поради зголемувањето на бројот на заболени, така што Базиликата и Молизе сега се црвени зони, додека Ломбардија, Марче и Пиемонт се преминаа од жолта во портокалова зона.