Рама: Минатото е процес кој може да ја зароби С. Македонија, затоа ќе ве чекаме како наши соседи и ќе трпиме

од Nikola Popovski
197 прегледи

„Кога дознав дека идентитетските прашања се покренати во процесот на преговори за Северна Македонија, бев „ужаснат“, рекол премиерот на Албанија, Еди Рама на единаесеттиот Совет за стабилизација и асоцијација помеѓу ЕУ и Албанија, при што Европската Комисија оценила дека Тирана е подготвена за првата меѓувладина конференција и ќе побара од земјите членки зелено светло.

Тој изразил надеж дека нема да дојде до одвојување на Северна Македонија и Албанија, односно одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

„Минатото е процес кој може да ја зароби Северна Македонија, не дај Боже, за којзнае колку време, но ако треба да ве чекаме и да бидеме трпеливи, ќе ве чекаме како наши соседи и ќе трпиме“, изјави Рама.

Албанскиот премиер, Еди Рама, од своја страна, ги потсети неговите соговорници дека ЕУ потфрли во регионот во однос на процесот на вакцинација против Ковид-19.

„Шокантно беше за нашиот народ што се запостави регионот, затоа што како што знаете ние не живееме на границите на ЕУ, туку во ЕУ, опкружени сме со ЕУ држави, и нашите изнемоштени и стари лица се чувствуваат како да не заслужиле вакцини како и сите други, жално е што е така, но знаеме како одеа работите. Денеска 140 земји не почнале ниту со една инјекција, а десет отсто од земјите поседуваат седумдесет отсто од производството“, порачал Рама.

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, ја пофали Албанија нарекувајќи ја „модел“ за другите земји во регионот, посебно во делот на усогласувањето на надворешната политика со таа на ЕУ, услов кој земјата целосно го исполнува, најави Борел.

Борел истакна исто така дека претстојните избори треба да бидат без дамка.

„Нагласуваме дека е потребно списоците да се состојат од луѓе со интегритет, клучно е да се покаже заложбата за борба против корупцијата“, изјави шефот на дипломатијата во ЕУ, додавајќи дека поларизацијата на политичката сцена го поткопува напредокот на земјата и не е во интерес на граѓаните.

Слични содржини