Даниловски: Ковакс системот падна на испитот, Македонија веќе има половина колективен имунитет

од Nikola Popovski
288 прегледи

Епидемиологот Драган Даниловски смета дека Ковакс системот падна на испит на планетарно ниво.

„Причините за неговото воспоставување беа всушност за сите што се сиромашни земји и што не се членки на ЕУ, да можат праведно и рамномерно да добијат вакцини според тој проект. Тоа требаше да го направат богатите, но тие си гледаа само за себе. Не може да се реши пандемијата, ако само една земја го реши проблемот“, вели Даниловски за емисијата „Само вистина“, истакнувајќи дека населението кај нас веќе има половина колективен имунитет.

„Населението треба веднаш да се вакцинира, ни треба што повеќе колективен имунитет со британскиот вид на коронавирусот, затоа што побрзо се шири и прави проблеми во општеството. Ако наскоро не добиеме вакцини, ќе мора рестрикции“, истакна Даниловски.

Слични содржини