Заев: Со попишување на лица од територијата на земјава, не може да биде нарушен процесот на попишување на дијаспората

286 прегледи

Со попишување на лица од територијата на земјава, не може да биде нарушен процесот на попишување на дијаспората, со оглед на тоа што системот и компарацијата на податоците со дата базите ќе го откријат и понитат тоа, посочи премиерот Зоран Заев во рамки на новинарските прашања во пресрет на посетата во градинката „8. Април“ во општината Шуто Оризари.

„Не ги знам сите технички детали, но, тоа што знам е дека по прибирањето на податоците се прави компарација по осум бази на податоци. Државата потоа со еден клик може да види кои граѓани се нерезидентни, односно се повеќе од една година надвор од државата. Сите други граѓани кои се во странство помалку од една година, па дури и 11 месеци, се резиденти. Иако во моментов може да се попише некој што е и два месеци надвор, според Евростат и по меѓународните стандарди тој е резидент, односно не спаѓа во групата дијаспора или нерезидентно население“, истакна Заев.

Според Заев, самата споредба на базата на податоци ги дава и потребните детали.

„Во моментот се попишувва нашата дијаспора, односно граѓаните кои живеат надвор од земјата повеќе од една година“, додаде Заев.

Слични содржини