Милијардерите во неволја доколку овој закон помине, ќе треба да платат огромна сума пари

од Stefanija Kuzmanovska
419 прегледи

Американската сенаторка Елизабет Ворен во понеделникот предложи воведување посебен данок за многу богати домаќинства и физички лица во Соединетите држави, а според пресметката на агенцијата „Блумберг“, ќе се слеат над 78 милијарди долари од првите 100 американски милијардери во државната каса.

Со нацрт-законот, популарно наречен Закон за даноци за ултрамилионери, Ворен продолжи со напорите да ја реализира идејата што беше централна карактеристика на нејзината претседателска кампања во 2020 година.

Предлогот предвидува годишен данок од 2,0 проценти за домаќинства и физички лица чија нето вредност е помеѓу 50 милиони и една милијарда долари и данок од 3,0 проценти за нето вредност над една милијарда долари.

Покрај тоа, даночната стапка на нето богатството од над една милијарда американски долари би се зголемила на 6,0 проценти доколку биде усвоена програмата Medicare for All.

„Блумберг“ проценува дека предлогот на Ворен нема шанси да помине во „тесно“ поделениот Конгрес.

Според анализата на агенцијата, сопственикот на Амазон и најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, би се соочил со дополнителна даночна обврска од најмалку 5,4 милијарди долари во 2021 година, доколку се донесе таков закон, додека сопственикот на „Тесла“ Елон Маск би платил 5,2 милијарди долари.

Данокот би го чинел Бил Гејтс дополнителни 4,0 милијарди долари, а Марк Цукербер би платил повеќе од 2,9 милијарди долари.

Слични содржини