Претседателот на Украина ја прими вакцината против ковид: Се надевам дека ќе ги уверам скептиците

од Stefanija Kuzmanovska
235 прегледи

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, денес беше вакциниран против коронавирусот при посетата на фронтот во источниот регион Донбас, со надеж дека ќе ги убеди скептиците во земјата дека вакцината е безбедна и ефикасна.

Заостанувајќи зад остатокот од Европа, Украина дури сега започна да ги вакцинира своите 41 милион луѓе откако минатиот месец ја прими првата серија од 500.000 вакцини на „АстраЗенека“, давајќи им приоритет на здравствените работници и војската, објави „Ројтерс“.

Владата, сепак, се соочува со битка против скептицизмот во врска со вакцините, бидејќи податоците покажуваат дека 47 отсто од населението не сака да се вакцинира.

Зеленски, чија влада ја блокираше употребата на руската вакцина Спутник V, ги повика лидерите на Европската унија да испраќаат вакцини во Украина и другите земји на периферијата на ЕУ како гест на солидарност и како прашање на политика и геополитика.

Слични содржини