Фармацевтската компанија „Мерк“ ќе му помогне на својот ривали „Џонсон и Џонсон“ да ја произведе неодамна одобрената вакцина против коронавирус, со цел да се забрза процесот на производство на таа вакцина, потврди службеник од администрацијата на Бајден.
Белата куќа се обидува да го забрза производството на вакцината, која се дава во една доза. Официјални лица велат дека компанијата „Џонсон и Џонсон“ наишла на неочекувани проблеми во производството и произвела само 3,9 милиони дози пред нејзината вакцина, во саботата, да добие дозвола за итна употреба. Компанијата објави дека е на пат да испорача 100 милиони дози до крајот на јуни.
„Мерк“, кој се откажа од развој на своја вакцина против коронавирус во јануари, минатиот месец рече дека работи на план за отворање на своите производствени капацитети за другите производители на вакцини.
Се очекува дека, со помош на „Мерк“, „Џонсон и Џонсон“ ќе можат да ги исполнат своите обврски и да произведат дури и повеќе вакцини од предвиденото, но Белата куќа се уште не објави повеќе детали.