По бројните критики, Деми Мур објави фотографија без шминка и покажа како всушност изгледа (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
500 прегледи

Дали претерала со операциите на лицето? Ова прашање ги мачеше луѓето со денови од моментот кога ја видоа актерката Деми Мур на Фенди ревијата на која се прошета со изобличено лице.

Таа сега објави селфи без трошка шминка со кое сакаше да покаже колку е природно убава и без интервенции.

Во домашна атмосфера, таа објави фотографија и видео со кучето Марпл. Нејзината коса е пуштена, не носи шминка, носи очила и се смее. Кожата на лицето ѝ е без никакви брчки, а познатите јаболчници не се толку истакнати како на 27 јануари.

Така, со оваа фотографија Деми Мур сакаше да покаже дека јаболчниците, за кои сите сметаа дека се унаказени од безброј операции, сепак биле истакнати со шминка.

Слични содржини