Порфирије: Косово за нас не е само геополитичко прашање, туку е тема на нашиот идентитет

од Stefanija Kuzmanovska
707 прегледи

Нема дилема дали Косово е дел од Србија. Физички, нашата држава не е присутна во целосна смисла на зборот, но во суштина Косово е дел од Србија, а ставот на црквата е наведен многу пати во Парламентот. Референдумот за Косово се одржа на Видовдан 1389 година, Косово не е само лулка на нашиот народ, туку е и ковчегот полн со моштите на светците, навете патријархот Порфирије.

Она што е поклонето не може да се врати, но украденото може да се врати, рече патриархот гостувајќи на РТС.

Косово за нас не е само геополитичко прашање, туку е тема на нашиот идентитет. Косово е молитвена тема за Србите веќе шест века и Србите опстанале на Косово. Разговор за заеднички живот да, но сè друго е излишно за црквата.

„Јас сум потполно сигурен, без оглед на политичките околности кои не се во прилог на нашиот народ, дека нашата држава прави се за да го зачува мирот на таа територија и дека стори сé за доброто на нашиот народ“, додаде патријархот во своето прво телевизиско интервју по изборите за поглавар на Српската православната црква.

Слични содржини