Ентони Хопкинс призна зошто се препуштил на алкохолот: Често се опивав „до смрт“

од Stefanija Kuzmanovska
390 прегледи

Актерот Ентони Хопкинс многу пиел во младоста и, како што рече и самиот, западнал во катастрофа. Говорејќи за „Сандеј тајмс“, актерот призна дека се кае, но дека не може да промени или поништи некои работи.

Актерот призна дека се свртел кон алкохол кога бил помлад, бидејќи се чувствувал виновен и длабоко се срамел поради својата среќа во глумата. Во најновото интервју оскаровецот размислуваше за своите 45 години откако е трезен.

Гледајќи наназад на почетоците на неговата кариера, Хопкинс се присети на едно време кога тој рече дека пиењето за него е „прекрасен начин на одјава“.

– Затоа и го правев тоа. Имав невообичаени конфликти во себе, не се чувствував добро во кожата. Се чувствував виновен и засрамен, мислев дека не сум достоен за среќата што ја имав како актер – изјави Ентони, пренесува „Дејли меил“.

Оскаровецот претходно призна дека често се опивал „до смрт“, но дека од 1975 година не пробал ниту капка алкохол.

– Кога побарав помош и сфатив дека не сум сам, дека има илјада луѓе како мене, сите мои стравови почнаа да исчезнуваат. Готово беше со пијанството. Од тогаш мојот живот се подобри – рече актерот и додаде:

– Пред 45 години, се запрашав дали сакам да живеам или да умрам. Реков дека сакам да живеам. Одеднаш дојде олеснување и мојот живот беше неверојатен.

Слични содржини