Спектарот на витамини кој постојано ни се претставува како неопходен за одржување на здравјето на косата, кожата, ноктите во одлична состојба, не смееме да го занемариме. Уште еден елемент од „витаминската азбука“ за кој можеби не сте чуле порано, а сега ќе се искачи на врвот на вашата листа, е витаминот К!
Најновиот витамин на сцената има еден тон придобивки за внатрешноста на вашето тело и за неговото подолго функционирање. Се проценува дека 99 отсто од луѓето имаат недостаток на витамин К, а тој има витална улога во зајакнувањето на имунитетот и дефицитот од истиот дефинитивно не треба да се игнорира.
Што е витамин К?
Припаѓа на групата витамини кои првенствено се користат за лекување на рани. Нема да навлегуваме премногу во науката, но важно е да се каже дека главните компоненти се К1 и К2.
Витаминот К1 може да се најде во кељот, спанаќот, во сите зелени основи на салата, како и во витаминските масла и житарките.
Од друга страна, К2 се наоѓа во производи од животинско потекло, како што се жолчки и путер. Тие исто така се произведени од бактерии во нашите црева, а знаете како велат, „среќни внатрешни органи – среќна кожа“.
Витаминот К се раствора во масна храна и масла, што значи дека може да се чува во масното ткиво на телото. Потоа може да ги активира протеините во телото и да се дистрибуира таму каде што телото чувствува дека е потребно, што го прави клучен играч во додатоците.
Кои се придобивките?
Витаминот К е главниот активатор на протеините во организмот кои се од витално значење за заштитата на срцето. На нашето тело му е најпотребен бидејќи произведува молекула што помага во згрутчување на крвта. Исто така, го регулира нивото на калциум во крвта, поради што е клучен за здравјето на коските.
Телото ќе го испрати внесениот витамин К1 директно до црниот дроб, бидејќи тоа е орган кој ги апсорбира додатоците што ги внесувате, затоа витаминот е важен за оние кои страдаат од заболување на црниот дроб. Најновите истражувања покажуваат дека К2, покрај тоа што помага да се намали таложењето на калциум во артериите – причина за срцеви заболувања, помага и во намалување на ризикот од фрактури на коските.
Производите богати со витамин К помагаат во процесот на заздравување на кожата и ги поддржуваат природните бариерни функции, па исекотините и модринките ќе бидат благодарни. Најверојатно би помогнал и при темни кругови и испукани капилари. Витаминот К го намалува воспалението, црвенилото, отокот, па дури и егземата. Идеален е за суви дамки на кожата, одржувајќи ја кожата заштитена и хидрирана.