351
Премиерот имаше став, објаснување за ова во текот на вчерашниот ден. Можеме само да го повториме како Влада, рече портпаролот на Владата Душко Арсовски денеска на прес-конференција на прашањето поврзано со последните настани по состанокот на бугарскиот претседател Румен Радев.
– Треба да се внимава од сите страни вклучени во процесот на преговори, вклучително од највисоките носители на функции од двете држави. Она што е најважно е дека не доликува на земји-членки на НАТО да комуницираат на ваков начин, рече Арсовски.