389
Фризерoт на Ким Кардашијан (40), Крис Еплтон неодамна објави фотографија на која ѝ прави фризура на најпознатата старлета на светот, која во тој момент заспала.
Имено, на фотографијата се гледа како Крис ја средува косата на Ким Кардашијан додека таа спие, а тој ја искористил можноста да се фотографира со неа во тоа издание.
„Те сакам Ким“, напиша Крис во описот на објавата, а потоа Ким одговори:
– Те мразам. ЛОЛ. Ме исцрпи – напиша Ким во коментарите.
Објавата насмеа многу од неговите следбеници, па собра повеќе од 171.000 лајк, додека многу јавни личности ја коментираа фотографијата.