267
Манчестер Јунајтед е во потрага по квалитетен централен дефанзивец. Прво, се шпекулираше за капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, што беше брзо демантирано од „Олд Трафорд“, а сега е јасно и зошто.
Јунајтед го сака неговиот партнер од срцето на одбраната, Рафаел Варан, кој веќе подолго време е на списокот со желби на „црвените ѓаволи“.
Реал мора да разговара со Јунајтед по тоа прашање, бидејќи договорот на Французинот истекува летото 2022 година, а следниот преоден рок е последна шанса да заработи добро.
Еден од најтрофејните фудбалери на денешницата (освои сè со Реал, со францускиот светски првак) може да биде решение за порозната одбрана на Јунајтед.
Овој проблем е присутен со години …