Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието го поднесе законот за престанување на важењето на законот за попис со што бараат да се прекине статистичката операција.
Од политичката партија АА и Алтернатива изјавија дека нема да го поддржат законот за поништување на Законот за попис, по итна постапка.
-Вистина е дека ние имавме сериозни забелешки за Законот за попис, дека ниту еден наш амандман не се усвои, дека ние немаме доверба во целокупниот систем и затоа сме толку транспарентни и сакаме да ги изнесуваме нашите забелешки. Меѓутоа, вистина е дека ние сме заинтересирани еднаш засекогаш овој процес да заврши. Македонија е во многу незавидна положба. Дваесет години сме без попис и ние сме смешна држава пред очите на светот, рече пратеникот Халил Снопче од Алијанса на Албанците.