Во Србија имале смртни случаи по вакцинирањето, како и давање на „две дози од различни вакцини“

од Nikola Popovski
209 прегледи

Од Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ потврдиле за српските медиуми дека по вакцинирањето во Србија имало смртни случаи, наведувајќи дека ниту еден случај не е поради вакцината.

– Имајќи предвид дека една од приоритетните групи за вакцинација е најстарата популација (постара од 75 години, особено во домови за стари лица), регистрирани се бројни смртни случаи како резултат на други болести или постоечки хронични заболувања, но ниту една не се случила поради примање на вакцината. Слични искуства се случиле и во други земји во Европа и во светот – навеле во одговорите на прашањата на порталот Телеграф.рс, без да прецизираат за колкав број на смртни случаи станува збор.

Во врска со наводите на членовите на Кризниот штаб дека има инфекција по првата доза на вакцината, тие навеле дека нема детални податоци за тоа колку луѓе се заразени откако ја примиле една доза од вакцината или за кои вакцини станува збор.

Тие исто така го коментирале случајот со човек од Врање кој ја примил првата доза на вакцината Фајзер, а потоа и втората доза на кинескиот производител „Синофарм“, наведувајќи дека таквата состојба не е препорачлива, но дека експертите зазеле став дека не може да доведе до несакани ефекти.

– Се случило во поединечни случаи лица да се вакцинираат со еден вид вакцина како прва доза, а примиле друг вид вакцина во втора доза. Со оглед на тоа што ваквата состојба не се препорачува, и дека нема објавени трудови на оваа тема, побаравме мислење од нашите надлежни органи од областа на имунологијата и вакцинологијата, кои со консензус зазедоа став дека оваа состојба не може да доведе до несакани ефекти меѓу граѓаните, како и дека кај лицата ќе сесоздаде заштита како да биле вакцинирани со ист вид вакцина и дека не е потребно да се даваат дополнителни дози на вакцини од каков било вид – се наведува во одговорот на „Батут“

Во врска со сличностите и разликите помеѓу четирите достапни вакцини во Србија, стапката на производство на антитела и нивната количина, тие наведоа дека сличностите и разликите може да се презентираат само кога ќе се спроведе сероепидемиолошка студија.

Во врска со несаканите ефекти на вакцината, во писмениот одговор се вели дека Институтот учествува во системот за мониторинг, но дека во моментов немаат достапни податоци.

– Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ учествува во системот за надзор, но за доставување на податоци ќе ни треба повеќе време да ја направиме анализата – стои во одговорот.