СДСМ: Мицкоски реди порази, се распаднаа лагите, мнозинството е стабилно, се ниша само ВМРО-ДПМНЕ

251 прегледи

Во рамки на своето денешно соопштение, владејачката СДСМ, потенцираше дека ова е нов дебакл за опозицијата и нејзиниот лидер. Оттаму велат дека со сапуница испукаа лагите на Мицкоски кој уште еднаш докажа дека нестабилна е само неговата партија.

„По деблакот што му се случи со правдата, нов дебакл на Христијан Мицкоски за само една недела.

Мнозинството во Собранието е стабилно, Владата има силна поддршка.
Како меур од сапуница испукаа лагите на Христијан лузер Мицкоски, се покажа, нестабилно е само неговото ВМРО-ДПМНЕ.
Два дебалка со две јасни пораки пораки за Мицкоски: кој брани криминал ќе биде казнет од правдата, кој лаже народ, ќе биде казнет од граѓаните“, се вели во соопштението.

Слични содржини