312
Во своето соопштение попладнево, владејачката СДСМ реагираше на неприсуството на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски на рочиштето за случајот „Талир“.
Имено, тие наведуваат дека ова е веќе познато делување на низа функционери од опозициската партија и немаат храброст да се соочат со одговорноста.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска не се појави на судењето за судскиот предмет „Талир“ за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Исто како и неговите шефови и Стоилковски работи против правдата, бега од соочување со судот и прави се за да го попречи владеењето на правото.
Поради неговото денешно отсуство, пропадна уште едно рочиште за предметот „Талир“. Ова е веќе видено од функционери на ВМРО-ДПМНЕ, да бегаат и да се кријат од правдата, а потоа да шират лажни вести како ништо да не било.
Наместо да пласира измислици и конструкции, Стоилковски да се појави пред судските органи и да се соочи со одговорноста.
Христијан Мицкоски и неговите приврзаници не успеваат и нема да успеат да го одбранат криминалот. Следува одговорност за секое незаконско постапување.