364
„Премиерот Заев ја искористи можноста што се предвидува со деловникот. Тоа беше од причина да покаже пред сите за сето она што го говореше ВМРО-ДПМНЕ дека владеачкото мнозинство е нестабилно“, изјави пратеникот од редовите на СДСМ, Дарко Каевски за емисијата „24 анализа“.
Според него, вчерашното гласање доверба на Владата се случило и поради лажните вести кои доаѓаат од опозицијата.
„Имаме пратеници од опозицијата кои воопшто не се доаѓаат и само сакаат да се потпишат, да примат патни трошоци и да си заминат. Лидери по тоа се пратениците од опозицијата од поодалечните градови, а граѓаните за тоа ги плаќаат“, наведе Каевски.