437
Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва извести дека преку Ковакс системот, во март ќе пристигнат вакцините на АстраЗенека, односно 20-30 проценти од вкупно 100.800 вакцини кои што ни следуваат.
Тој демантира дека сме последна земја во регионот по бројката на вакцинирани лица.
„Ниту една земја го нема постигнато тоа да ги вакцинира сите здравствени лица кои што се пријавиле. Ние викендов завршуваме со давањето на првата доза“, истакна Филипче во гостувањето на МРТВ.
Според него, присуството на британскиот сој на коронавирус е меѓу 70 проценти од новозаразените.
„Вакцините на компаниите делуваат мошне добро на британскиот сој, а се уште ги чекаме анализите на истите компании за јужноафриканскиот сој“, додаде министерот за здравство.