Англичаните го користат конфликтот во Наполи: Волците го сакаат Гатузо

од Stefanija Kuzmanovska
402 прегледи

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, наводно е на списокот со приоритети на Вулверхемптон Вондерерс, пишува „Тутомеркато“.

На Гатузо не му беше обезбедено место на клупата на неаполскиот клуб поради неконстантни резултати, па веќе некое време се пишуваше за неговото заминување од стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Затоа „Волците“ ја проценуваат ситуацијата со цел да го ангажираат „Рино“ пред новата сезона 2021/2022.

Нивен сегашен менаџер е Нуњо Еспирито Санто, под кого „Волците“ се наоѓаат на 12-тото место во Премиер лигата со сегашните 34 бода.

Гатузо го замени Карло Анчелоти во Наполи во декември 2019 година и го зеде Купот на Италија во првата сезона на клупата.

Во меѓувреме, тој влезе во конфликт со претседателот на клубот, Аурелија Де Лаурентис.

Наполи во моментов е на шестото место во Серија А со 44 бода, пет помалку од позицијата што го води клубот во Лигата на шампионите.

Слични содржини