Барса го има своето прво засилување за летото

од Stefanija Kuzmanovska
494 прегледи

Само се чека потврда, но нема сомнение дека Барселона го донесе првото засилување за следната сезона.

Станува збор за Ерик Гарсија, дете на клубот, кој ќе се врати штом ќе му истече договорот со Манчестер Сити на лето.

Гарсија требаше да се врати во Каталонија ова лето, па се зборуваше и во јануари, но Сити отиде до крај – тој не сакаше да го пушти да оди под цената, дури и под услов на крајот да го изгуби без обештетување.

Познатиот новинар Фабрисио Романо денес потврди дека Гарсија го дели само потпис од „Ноу Камп“.

„Ме боли што Гарсија не може да игра. За него има место во Сити, но тој одамна одби нов договор и одамна има договор со Барселона“, изјави неодамна менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола.

Слични содржини