Бројот на новозаразени со коронавирус минатата недела се зголеми за девет отсто во 53 европски земји, објави Светската здравствена организација (СЗО).
Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге рече дека минатата недела имало повеќе од милион случаи.
Тој посочи дека скокот на бројот на случаи е особено забележителен во Централна и Источна Европа, но и некои западноевропски земји бележат зголемување на бројот на заразени лица.
Алудирајќи на солидарноста која ја покажаа некои европски земји, кои примија пациенти од сериозно погодените соседи, Клуге рече дека по повеќе од една година пандемија, здравствените системи не смеат да бидат во ваква состојба.
„Мора да се вратиме на основите“, рече Клуге.