Чаури од оружје, локви од крв сведочат за убиството кое го утрово го потресе Топанско поле.
Според информациите на МВР убиени се две млади момчиња.
„На 05.03.2021 во 02:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Македонско – Косовска бригада“ се слушнало пукање. По излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, било пронајдено патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки и две лица кои не давале знаци на живот.Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај двете лица. Пронајдени се чаури од огнено оружје (пиштол и автоматска пушка). Утврден е идентитетот на лицата 28-годишниот А.Б. и 24-годишниот Б.В., двајцата од Скопје. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
Мотивите за убиството засега не се познати, а ниту пак има осомничени лица.