„ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во криминал и грабеж. Бидејќи СДСМ се фали дека има стабилно мнозинство можат да го поминат законот но да знаат дека ќе одговараат за секое украдено евро потоа“, одговорија од партијата на Мицкоски на апелот на министерот за здравство да се да се повлечат амандманите со кои е блокиран Законот за изградба на нов Универзитетски Клинички Центар.
„Несериозно е со закон од неколку листа да им се даде за право да украдат над пола милијарда евра. Фактот дека не започнаа со градба на готов проект и пари кои им ги остави ВМРО-ДПМНЕ при смена на власта, најдобро говори дека сега бараат личен криминален интерес од градба на друг проект. Ниту Клинички ќе има, ниту подобри здравствени услови“, се вели во реакцијата на опозицијата