219
Министерството за здравство денеска пријави вкупно 10 починати лица како последица од коронавирусот.
По тројца пациенти од Скопје (85г,70г,70г) двајца пациенти од Кавадарци (90г, 59г) и по еден пациент од Штип (47г), Велес (59г), Кочани (79г), Куманово (82г), и Охрид (68г).
Девет пациенти се починати во болнички услови, еден пациент во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 543.254 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.163, бројката на оздравени пациенти е 94.729, на починати е 3.195, а бројот на активни случаи изнесува 9.239.