Кантоналното обвинителство на кантонот Зеница-Добој во БиХ поднесе обвинение против Адмира Башиќ за кривично дело „Пренесување на заразна болест“. Според обвинението, таа е обвинета за постапување спротивно на одредбите од Законот за заштита на населението од заразни болести на БиХ затоа што одбила хоспитализација и покрај тоа што била заразена со коронавирус и затоа што кашлала и плукала кон медицински сестри.
„Таа одбила да биде хоспитализирана во одделот за изолација ЈУ „Стационар“, назначена од кантоналната болница во Зеница за лица заразени со Ковид-19, иако била свесна дека и бил дијагностициран коронавирус со тестирање истиот ден и дека со однесувањето може да доведе до опасност од ширењето на заразната болест меѓу медицинскиот персонал “, се тврди во обвинението.
Башиќ ја тргнала заштитната маска и започнала да кашла и плука во насока на неколку медицински сестри, велејќи дека „сите треба да бидат заразени“, и покрај неколкуте предупредувања, според обвинението, таа продолжила да го прави тоа.