„Спутник V“ пристигна во Македонија, вакцинацијата ќе почне в среда

од Берта Китинска
169 прегледи

Бројот на новозаболени во земјава секојдневно расте. Вчера пристигна пратката на руските вакцини „Спутник V“ со која ќе се продолжи процесот на вакцинација.

„Станува збор за вакцини кои што се различни во делот на вакцинацијата и ревакцинација, што значи дека сите овие дози ќе се користат за прва вакцина. Продложува процесот на имунизација во доменот на здравствените работници и според индикацијата и на граѓани и онака како што е предвидено во националниот план за вакцинација“, рече Филипче.

Според најавите вакцинацијата со руската вакцина ќе почне в среда. За разлика од „Фајзер“ вакцината „Спутник V“ е замрзнат раствор од 0,5 милилитри, за еден корисник, а ќе се чува во фржидерите во пунктот во „Јане Сандански“.Надлежните уверуваат дека вакцините се безбедни и ќе обезбедат континуитет на процесот на имунизација.

Од кинеската вакцина,  се очекуваат 200.000 дози од кои одредена количина може да дојде за кратко време, но се уште нема потврда кога. Од „Спутник V“ се очекуваат 200.000 дози или со оние од „Астра Зенека“ вкупно 2.200.000 вакцини треба да стигнат во земјава.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.163, бројката на оздравени пациенти е 94.729, на починати е 3.195, а бројот на активни случаи изнесува 9.239.

Слични содржини