Го бакна обрачот и го освои најочекуваното шоу: Погледнете ги најефикасните забивања на „Ол Стар!“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
363 прегледи

Кошаркарот на Портланд, Енферни Симонс е победник во натпреварот за забивање на НБА „Ол-стар“ во Атланта.

Симонс беше подобар од Оби Топин од Њујорк Никс и Кејси Стенли од Индијана.

Натпреварот во забивање се одржа на полувремето на „Ол-стар“ натпреварот.

Судиите имаа високи критериуми. Касиус Стенли доби 44 поени за првото забивање, Топин за неговиот спектакуларен потег 48, а Симонс два поени помалку.

Симонс и Топин се пласираа во финалето и не се прославија. Последната серија донесе нешто послаби и помалку привлечни забивања, а според мнозинското решение на судиите, забивањето на Симонс, кој се обиде да го бакне обрачот, беше подобро од она во кое Топин ја „протна“ топката низ нозете.

Слични содржини