МВР: Пресечен меѓународен канал за трговија со хашиш, приведен албански државјанин

од Берта Китинска
173 прегледи

Полициски службеници од Струга пресекоа меѓународен канал за транспорт на хашиш.

-Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со ОВР Струга, Регионалниот центар за гранични работи Исток и Царинската управа, пресекоа меѓународен канал за транспорт на хашиш од Република Албанија преку Република Северна Македонија, Бугарија, а крајна дестинација Турција, при што се запленети околу 14 килограми хашиш и пакувања хашиш смола и хашиш масло, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Слични содржини