„Секогаш и се восхитувам на кралицата“: Борис Џонсон проговори по објавувањето на интервјуто со Хари и Меган

од Nikola Popovski
290 прегледи

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон денес го изрази своето воодушевување од кралицата Елизабета Втора и обединувачката улога што таа ја има во Велика Британија и пошироко, без да ги коментира обвинувањата за расизам упатени од Меган Маркл кон кралското семејство.

Маркл, сопругата на принцот Хари, го обвини кралското семејство за изразување загриженост за тоа колку може да биде темна кожата на нивниот син, туркајќи ја на работ на самоубиство, објави Ројтерс.

Премиерите ретко коментираат за кралските работи, а по „бурата“ предизвикана од интервјуто на принцот Хари и Меган, Џонсон рече дека нема да влегува во обвинувањата за расизам, зборувајќи исклучиво за неговото воодушевување од кралицата Елизабета Втора.

– Отсекогаш сум се восхитувал на кралицата и на обединувачката улога што ја има во нашата земја и во целиот Комонвелт – рекол Џонсон на прес-конференцијата на прашањето за наводите од интервјуто.

– Што се однесува до останатото, сите други работи поврзани со кралското семејство, не ги коментирам долго време и немам намера да отстапам од тоа дури ни денес – истакнал тој.

Слични содржини