313
Романскиот судија Себастијан Колтеску е суспендиран до крајот на сезоната, објави УЕФА.
Да потсетиме, Колтеску предизвика голе скандал за време на натпреварот во ЛШ помеѓу ПСЖ и Башакшехир во Париз на 8. декември минатата година.
Тогаш Романецот го искористи зборот “негро“ додека се обидуваше да му објасни на еден од играчите на Башакшехир, по што сите играчи на турскиот првак го напуштија теренот. Натпреварот продолжи следниот ден, а ПСЖ славеше убедливо.
Иако Колтеску упати извинување и убедуваше дека немал намера да навреди некој, УЕФА го суспендираше и тој нема да биде на фудбалските терени до крајот на сезона 2020/21.