Кина денес објави дека ќе започне да издава дигитални сертификати за вакцинација против коронавирус на своите граѓани, со цел да им се овозможи патување во странство.
Неколку земји веќе започнаа да користат вакви сертификати, според Ројтерс.
Кинескиот сертификат ќе содржи податоци за вакцинација и резултати од тестови за присуство на вирус. Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави дека целта на потврдата е размена на информации за тестирање и вакцинација и овозможување безбеден контакт меѓу луѓето.
Карантин е потребен за лица вакцинирани против коронавирус кои пристигнуваат во Кина, поради можноста дека се уште се заразени.