401
Заменик-претседателот на Владата, Никола Димитров одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали Македонија ќе биде на европската агенда на 25 и 26 март, рече дека овој датум е преблиску за да очекуваме било каков пробив.
-Во политичка смисла овој совет е преблиску бидејќи земјата членка со кого го водиме спорот е пред избори. Реалните можности за пробив се повеќе кон мај, јуни. Ние имавме јасна одлука лани во март која не се реализраше. По завршените на неколу избори циклуси на важни членки на ЕУ ќе се создаде една атмосфера каде ќе има сериозен обиде за да се усвои преговарачката рамка и да ја имаме првата конференција, изјави Димитров.