22 лица ја загубија битката со коронавирусот

од Nikola Popovski
211 прегледи

Според Министерството за здравство, пријавени се вкупно 22 починати лица во последните 24 часа.

Починати се по 9 пациенти од Скопје (66г,69г,78г,87г,75г,80г,75г,70г,73г), 4 пациенти од Прилеп(67г,86г,89г,45г), 2 пациенти од Гевгелија(73г,73г) и по 1 пациент од Тетово (72г), Велес (73г), Охрид (79г), Кочани (72г), Кичево (70г), Делчево (75г) и Струмица (70г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 108.350, бројката на оздравени пациенти е 95.822, на починати е 3.228, а бројот на активни случаи изнесува 9.300.

Слични содржини