301
МВР соопшти дека синоќа, околу пет часот по полноќ, во полиција била пријавена кражба од обложувачница во скопската општина Кисела Вода.
Според пријавеното, три лица го украле сефот на обложувалницата.
„На 09.03.2021 во 04:44 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница на подрачје на Кисела Вода три лица одзеле сеф.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.