448
Медоу Рејн Вокер, ќерката на починатиот актер Пол Вокер, се оствари во улога на модел, а фактот дека пред неколку дена учествуваше на ревија на модната куќа Givenchy на Париската модна недела зборува многу за тоа колку добро напредува во кариерата.
Ова е нејзина прва соработка со популарната француска модна куќа, а со овој успех веднаш се пофали и на социјалните мрежи, каде објави фотографии од Париз.
Givenchy ги ангажираше и Бела Хадид и Џордан Дан за истата ревија.