Полусестрата на Меган Маркл, Саманта Маркл, се огласи по скандалозното интервју што Меган го даде со принцот Хари на Опра Винфри. Page Six известува дека Саманта коментирала дека во текот на целиот разговор, вистината била тотално игнорирана и изоставена.
Меган изјави дека е израсната како единствено дете во семејството и дека Саманта воопшто не ја познава. Нејзината полусестра тврди дека тоа не е точно, но дека нема симпатии кон Меган. Таа вели дека нејзината депресија ѝ била изговор за да ги третира луѓето како да се ѓубре.
– Не знам како може да каже дека не ја познавам и дека беше единственото дете. Имаме фотографии направени во текот на нашите животи. Па, како тогаш таа не ме познава – рече Саманта во видео повик за Inside Edition и ги покажа нивните заеднички фотографии, од кои едната е направена во 2008 година.
Меган, од друга страна, тврди дека Саманта го сменила презимето во Маркл дури откако започнала да се забавува со принцот Хари, со цел да се обиде да го искористи тоа во своја полза, но Саманта го негираше сето тоа.
– Бев Маркл пред неа и ми е чудно што таа зборува дека го сменив презимето кога го запознала Хари. Маркл секогаш беше моето презиме – рече таа.
Инаку, се пишува дека Меган и Саманта не се виделе од 2008 година. Саманта ја етикетирала својата помлада полусестра како „плитка спонзоруша“ и ја обвинила за прекинување на контактот со нејзиниот татко и другите членови на семејството.