Не можеме да кажеме училиштето е училиште ако таму нема атмосфера за учење, ако поливина колектив не зборува помеѓу себе. Половина од училиштата се во таква ситуација. Со новиот концепт, ако не соработуваат не може да стигнат до предавање или до испитување, што значи полека ги насочуваме на соработка. Соработката ќе биде важна за напредувањето во кариерата, а таа ќе донесе и посериозно и поквалитетно имплементирање на концепцијата за образование.“- изјави министерката за образование, Мила Царовска, во „Топ тема“ на телевизија Телма.
Таа нaпомена дека во тек е изборот на наставници – ментори, а потоа ќе се изберат и наставници – советници, како највисоко ниво во кариерното напредување.
„Директорот ќе го следи процесот како се имплемнтира, но колективот постојано ќе биде поттикнуван, како сега што сум јас со директорите во комуниакција, така и со наставниците ќе бидеме во постајана комуникација. Сега сме во процес за поставување систем на ментори, во 2006 година е замислено ова со менторите, но никогаш не е исполнето и ние сме решени тоа да го средиме, Најдобрите да се истакнат, најдобрите да се платат за тоа…. 240 ментори веќе поминаа филтер, сега ќе следиме часови на тие кандидати, и до јуни ќе имаме ментори“, објасни Царовска.