533
Во рамки на прес конференцијата во пресрет на билатерната средба помеѓу Фатмир Битиќи и вицепремиерот на Црна Гора, Дритон Абазовиќ, на новинарско прашање, гостинот од Црна Гора даде одговор за состојбата со Ковид 19 и очекувањата за претстојната туристичка сезона во Црна Гора.
„Во овој момент не може да се предвиди состојбата со Ковид 19, но ако и оваа година биде како претходната, нема да има препреки за вашите граѓани. Сето ова се разбира следи по масовната вакцинација која стартуваше и во двете земји. Но, се надевам дека ако бројките се намалат ќе успее да профункционира зелениот коридор. Доколку нема поголема акопалипса, можеме да сметаме дека значителен дел од туристичкиот сектор да биде спасен“, истакна Абазовиќ.