157
Регионална конкурентност наместо, регионална конкуренција ова е нашата иднина, рече денеска заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи по средбата со вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.
-Акцентот на нашата соработка со земјите од регионот не треба да се стави на проблемите туку на решенијата. Сите се справуваме со предизвикот со ковид 19, покажавме дека сме силни колку што е силен и системот. Соработката со Црна Гора останува отворена и нашите алатки за економска соработка. Регионална конкурентност наместо, регионална конкуренција ова е нашата иднина, изјави Битиќи .