Битиќи: Ќе има време за прослави и веселби, најважно е здравјето

од Берта Китинска
315 прегледи

Угостителите бараат наместо класични свадби со жива музика, да можат да организираат само свечена вечера со постојните протоколи и работно време кои важат за сите угостителски објекти. Но, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека некои барања во овој момент се невозможни да се договорат со оглед на состојбата со пандемијата.

-Јас сум познат по тоа што ги сослушам сите страни и го прифаќам било кое барање бидејќи доаѓа од потребата, но ги почитувам здравствените препораки. Мене ми е најважно во овој момент здравјето. Некои барања се невозможни да се договорат. Креираме преку системот помош сега и за во наредниот период, ги слушнав барањата гледам дека протестираат. Ако сметаат дека треба да се излага на протести јас ќе им се придружам и ќе разговарам, но мора да се почитуваат мерките затоа што ќе има време за прослави и веселби, изјави Битиќи.

Битиќи изјави дека заедно со угостителите кои организираат свадби спаѓаат музичарите , фотографите… кои треба да бидат помогнати според приликите кои ги има владата нудејќи им да бидат дел о системот.

Слични содржини