448
Премиерот, Зоран Заев во рамки на својата посета на „Ист Гејт Мол“, на новинарско прашање посочи на што се однесува недела-неработен ден и се осврна на придобивките кои ќе ги имаат обете засегнати страни, односно работниците и бизнис секторот.
„Сакаме да се вратиме кон семејните вредности со недела-неработен ден. Но, истовремено имаме слух и за бнизнис заедницата, и ќе ги задоволиме сите страни. Министрите заедно со работниците и коморите треба да утврдат што е најдоброто решение, а да биде согласно работничките права. Покрај донесување на законот за недела-неработен ден, ќе се носат измени и во законот за трговија“, истакна Заев.