Британскиот вид на коронавирус би можел да биде значително посмртоносен од вообичаениот вид на Ковид-19. Познато е дека се шири дури 50 проценти побрзо, но новата студија, објавена на платформата medRxiv, која сè уште не добила одобрување, открива дека е посмртоносен за околу 64 проценти.
Студијата е спроведена во Англија на голем примерок од 54.906 испитаници кои биле позитивни на коронавирус помеѓу 1 октомври 2020 година и 29 јануари 2021 година.
Тие биле следени до 12 февруари 2021 година и биле исти според возраста, полот, етничката припадност, регионот и датумот на позитивен тест, така што тие се разликувале само по видот со кој биле заразени, со што се исклучува можноста дека причината за зголемена смртност е било што друго, освен вирусот.
– Стапката на смртност поврзана со инфекција VOC-202012/1 (друго име за британскиот вид) во споредба со инфекцијата во претходно циркулираните верзии беше 1,64 (95% интервал на доверба 1,32 до 2,04) кај пациенти кои имале позитивни резултати за Ковид-19 во заедницата. Во оваа релативно ниска ризична група, ова претставува зголемување на бројот на смртни случаи од 2,5 на 4,1 на 1.000 откриени случаи – пишуваат авторите во воведот.
– Веројатноста дека ризикот од смртност се зголемува како резултат на инфекција VOC-202012/01 е голема. Ако овој наод може да се генерализира на други популации, инфекцијата со VOC-202012/1 може да предизвика дополнителна смртност во споредба со претходните верзии на вирусот, се додава во извештајот.
Ова откритие влијае на планирањето на здравствените капацитети, како и на националните и меѓународните контролни политики, а зголемената смртност дава тежина на аргументот дека се оправдани понатамошни строги мерки за намалување на смртноста од САРС-КоВ-2, додаваат авторите.
Вирусот има илјадници мутации
Природно е вирусите да мутираат. Кога се размножуваат, се јавуваат грешки при копирање на нивните геноми. Тие понекогаш им овозможуваат да се прилагодат на условите и да прераснат во варијанти кои се поуспешни во ширењето.
Не секоја мутација е корисна. Напротив, повеќето се бескорисни и не ги менуваат својствата на вирусот, па дури и не им штетат. Ова е очекувано бидејќи секоја промена во клучните механизми со кои вирусот влегува во клетките и ги инфицира – како што е протеинот Ц – е ризична за вирусот.
Сепак, постојат мутации кои им даваат предност на вирусите. Оние кои се поуспешни во ширењето, ќе ги надминат помалку успешните со текот на времето. На пример, мутациите можат да бидат корисни за вирусите што ќе им овозможат подобро да се врзат за клетките домаќини, полесно да навлезат во нив и подобро да ги заобиколат нападите на антитела.
Вирусот САРС-КоВ-2 веќе претрпе илјадници мутации од неговата оригинална форма, чиј геном беше декодиран во Вухан на почетокот на 2020 година. Неговиот геном сочинува РНК молекула која е подложна на мутации. РНК вирусите се развиваат прилично брзо и се здобиваат, во просек, со една генетска промена на секои неколку дена до недели.
Сепак, бидејќи САРС-КоВ-2 се пренесува од човек на човек побрзо отколку што се развиваат генски промени во неговиот геном, тој сепак мутира релативно бавно за РНК вирус. Со други зборови, стекнува својства што му овозможуваат да се прилагоди во рок од неколку месеци, а не денови или недели.
Се разбира, колку повеќе луѓе се разболуваат, толку повеќе вирусот ќе се размножува, така што ќе имаат повеќе можности за мутација и стекнување на т.н. корисни мутации. Ова значи дека е многу важно да се спречи Ковид-19 да се шири неконтролирано со епидемиолошки мерки.