Ново предупредување од научниците укажува на тоа дека неконтролираниот раст на бројот на новозаразени лица во Бразил може да ја загрози борбата против пандемијата на коронавирус во светот.
Позаразниот вид П1, поотпорен на вакцината, стана доминантен во таа јужноамериканска земја и нема индикации дека ширењето на инфекцијата може да забави, јавуваат светските медиуми.
„Таа информации е атомска бомба. Изненаден сум од количината на откриени варијанти на вирусот. Јавноста не разбира што значи тоа. Сите овие видови се позаразни и ја забрзуваат епидемијата. Тоа е катастрофа“, навел др. Роберто Краенкел, биолошки математичар од ковид центарот во Бразил за „Вашингтон пост“.
Во Бразил, болничкиот систем е пред колапс, а земјата е далеку од масовна вакцинација.
„Ниту една држава нема да биде безбедна се додека сите држави индивидуално не воспостават контрола врз растот на нови инфекции“, рече д-р Денис Гарет, потпретседателка на применетата епидемиологија на институтот Sabin Vaccine во Вашингтон.
„Можеме да се вакцинираме колку што сакаме и да постигнеме имунитет на стадо, но се додека избивањето на епидемијата е неконтролирана во некои земји, границите за вирусот сè уште ќе бидат отворени. Земји како Бразил, каде што нема ограничувања и каде што вирусот е на слобода, се вистинска почва за ширење на нови видови“, рече д-р Гарет.
Таа посочи дека природниот имунитет на луѓето кои веќе ја надминале короната е помалку отпорен на новите варијанти и дека тие се подложни на реинфекција.
Како што рече, таа разбира дека „некои земји сакаат прво да ги вакцинираат своите граѓани, но ако нема подеднаква дистрибуција на вакцини, заканата ќе постои за целиот свет се додека вирусот дивее во некои земји“, заклучи таа.