На подрачјето на Банија, во централна Хрватска, од земјотресот од крајот на декември минатата година, со јачина од 6,2 степени, се забележани повеќе од 900 последователни земјотреси.
Два земјотреса биле меѓу 5 и 6, 13 биле 4 до 5 степени, 101 биле земјотреси со јачина од 3 до 4, а 814 биле земјотреси со јачина од 2 до 3 степени, јавија загрепските медиуми.
Досега се пријавени скоро 38.000 оштетени згради, од кои 99 проценти биле прегледани во областа Петриња и Глина, додека 92 проценти биле прегледани во Сисак.
Вкупно 2.861 лице се иселило од погодената област.
Повеќето од Петриња – 1.388, нешто помалку од Сисак 1.136, од Глина 177 луѓе, а од другите места 160.